Поврзете се со нас

Италија

Официјално: Третото јануарско засилување за Мота пристигна од редовите на Челси (Фото)

Објавено

на

Јувентус оваа вечер му го официјализираше и третото зимско засилување на Тиаго Мота, откако клубот од Торино и дефинитивно го промовираше Ренато Веига во нов член на првиот тим.

Младиот фудбалер кој доаѓа од редовите на Челси ќе игра на позајмица до крајот на сезоната, но во овој период, платата ќе му биде покриена од страна на англискиот прволигаш.

Јувентус како клуб кој го ангажира има обврска да исплати фиксни 4 милиони евра за заемот,  сума која може да достигне и 5,5 милиони евра доколку се остварат одредени бонуси.

Веига е надежен централен дефанзивец кој може да покрива и на левата бековска позиција, а во новиот клуб ќе го носи дресот со број „12“.

Претходно, Јувентус во досегашниот тек на јануарскиот преоден рок ги доведе и Алберто Кошта и Рандал Коло Муани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни