Официјално: Тодоров повеќе не е предводник на МЗТ Скопје

MZT-Partizan-Todorov

Тоа што вчера беше најавено по поразот од Работнички вечерва се официјализира, Александар Тодоров повеќе не е предводник на македонскиот шампион МЗТ Скопје.

Тодоров поради морални причини си поднесе оставка по загубената средба со ривалот од „Градски парк“, раководството сакаше да го задржи и го убедеше да остане, но откако стартегот остава цврсто на ставот донесена е одлука да се направи промена.

Кој ќе биде наследникот се уште не е познато, „металците“ информираа оти разговорите со потенцијалните кандидати веќе се започнати и во најскоро време ќе биде соопштен новиот тренер.

Воедно Тодоров добил понуда да остане во клубот и да продолжи на позиција која дополнително би била договорена, но Ацо побарал време за да размисли за овој предлог.

Facebook Коментари