Поврзете се со нас

Италија

Официјално: Станковиќ се врати во Серија А (Фото)

Објавено

на

Дејан Станковиќ своите најдобри денови од играчката кариера ги мина во Италија и Серија А, натпреварување во кое сега за првпат ќе работи и како прв тренер на еден тим.

Популарниот Деки максимално ги засука ракавите по крајот на играчката кариера и се препушти во тренерските води, па откако беше асистент во Удинезе и ја водеше Црвена Звезда во изминатите три години, сега добива работа како самостоен тренер во Серија А.

Сампдорија преку официјално соопштение информираше дека Србинот и дефинитивно е избран за наследник на Џампаоло, кој заработи отказ изминатиот викенд по поразот од Монца.

Станковиќ ќе има навистина сериозен предизвик до крајот на сезоната бидејќи Сампдорија е закована на дното со само два освоени бода, па повеќе од јасно е дека главна цел ќе биде да се обезбеди опстанок.

Деки ставил потпис на договор до јуни 2023-та година, со опција истиот да биде продолжен за уште една година до јуни 2024-та.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни