Поврзете се со нас

Италија

Официјално: Спортскиот суд му изрече драконска казна на Погба поради допинг!

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Пол Погба веќе со години наназад имаше разноразни приватни и професионални проблеми, но токму во моментот кога се чинеше дека се враќа од тешката пореда, Французинот го доживеа најголемиот удар во кариерата.

Францускиот репрезентативец беше позитивен на тестостерот на почетокот на новата натпреварувачка сезона и тоа го утврдиле луѓето од анти-допинг агенцијата по мечот со Удинезе, па откако и вториот контролен тест испадна позитивен, беше јасно дека на играчот за врска не му се пишува ништо добро.

Антидопинг обвинителството во Италија го заврши случајот пред три месеци и побара да му биде изречена четиригодишна суспензија, а денеска спортскиот суд ја прифати истата и му врачи драконска казна на Погба.

Големата фудбалска ѕвезда е супспендирана во период од четири години и нема да смее да извршува било какви професионални обврски поврзани со фудбалот, што според многумина може автоматски да значи и предвремен крај на кариерата.

Јувентус и изминативе месеци не му ја исплаќаше платата од 8 милиони евра поради привремената суспензија која ја доби од обвинителството, но сега клубот од Торино ќе може и лесно да го раскине договорот.

Погба во месец март ќе наполни 31 година, па се поголема е веројатноста дека оваа драконска казна ќе стави крај и на неговиот фудбалски пат.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни