Поврзете се со нас

Франција

Официјално соопштение: Де Ѕерби си го договори новиот интернационален ангажман (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialBHAFC

Роберто Де Ѕерби ја заврши својата двегодишна авантура во Брајтон и доста изненадувачки се раздели со англискиот клуб, па иако во прв момент се чинеше дека тоа го прави за да се врати во родната Италија, на крајот испадна дека младиот стручњак ќе има ново интернационално искуство.

Фудбалскиот стратег од Бреша се поврзуваше со неколку инталијански клубови како Милан, Наполи и Јувентус, но фудбалскиот пат на крајот го продолжува во Франција, каде ќе води еден од најголемите тимови.

Марсеј официјално информираше дека постигнал преддоговор со Де Ѕерби за ангажман на „Велодром“, а промоцијата ќе следи откако ќе биде комплетирана цела документација околу трансферот.

– Олимпик Марсеј сооопштува дека постигна првичен договор со Роберто Де Ѕерби. Клубот во моментов работи со сите инволвирани страни за да се формализира пристигнувањето на италијанскиот тренер и неговиот стручен тим. Го подготвуваме неговото пристигнување во клубот и го очекуваме во наредните неколку дена, – гласи објавата на францускиот великан.

Де Ѕерби во својата прва сезона во Брајтон оставри најголем успех во историјата на клубот со пласманот во Европа, па иако тоа го привлече вниманието и на Баерн Минхен, на крајот завршува на „Велодром“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни