Поврзете се со нас

Шпанија

Официјално: Симеоне доби нова „деветка“ за 38 милиони евра (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Атлетико Мадрид беше принуден да реагира на трансфер пазарот откако Алваро Мората реши да ја напушти шпанската престолнина за да се пресели во Милан, па иако прва опција на „душекџиите“ беше Артем Довбик, на крајот Диего Симеоне сигурно ќе се задоволи и со втората опција која вечерва беше официјализирана.

Чоло не успеа да го добие најдобриот стрелец во Ла Лига од минатата сезона, но затоа го доби вториот голгетер во „Пичичи“ трката, а тоа е Норвежанецот Александер Серлот кој денеска стави потопис на четиригодишен договор.

Корпулентниот напаѓач имаше импресивни изданија за Вилјареал и веднаш стана атрактивен за финансиски помоќни клубови, па на крајот испадна дека Атлетико е оној кој реши да ги исполни барањата на „жолтата подморница“.

Серлот пристигнува како човек кој ќе треба да го пополни празното место кое го остави Мората, а 23-те гола кои ги постигна минатата сезона сигурно се добар предуслов за да биде лидер во нападот на Симеоне.

Како што јавуваат угледните шпански медиуми, Атлетикоо на крајот успеал да издејствува и мал попуст од Вилјареал, односно ќе плати фиксни 32 милиони евра, како и дополнителни 6 во вид на бонуси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни