Поврзете се со нас

Италија

Официјално: Рома му врачи отказ на Јуриќ уште пред да стигне до прес-центарот (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/TorinoFC1906_En

Иван Јуриќ работеше под голем притисок веќе извесно време, но како што можеше да се очекува, Хрватот и дефинитивно нема да ја води Рома по крајот на репрезенативна пауза.

Иако беше се подготвено за негово заминување уште пред мечот со Болоња, епилогот од денешниот натпревар само го забрза процесот, па Рома како клуб реши да го отпушти Хрватот уште пред да стигне до прес-центарот на „Олимпико“.

Пред натпреварот со Болоња кој денеска го загуби со 2:3, Јуриќ не се појави и на стандардното интервју со сервисот „ДАЗН“ пред натпреварот, а сега прашање е дали воопшто ќе се соочи со новинарите по отказното решение кое му го подготви „волчицата“.

– Сакаме да му се заблагодариме на Иван Јуриќ за напорната работа во изминатите неколку недели. Тој се справи во тешка средина со најголема професионалност и затоа сме му благодарни. Му посакуавме се најдобро во неговите понатамошни предизвици. Потрагата по нов тренер за нас веќе е започната и очекуваме ново соопштение на оваа тема во наредните неколку дена, – порачаа од Рома.

Јуриќ пристигна во Рим како замена за Даниеле Де Роси на 18-ти септември, но неполни два месеци заработи отказ после четири победи, три реми средби и пет порази во сите натпреварувања.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни