Поврзете се со нас

Балкан

Официјално: Ријека го претстави Манев како големо зимско засилување (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/NKRijeka

Тоа што на големо се шушкаше во хрватската јавност ова попладне доби официјална потврда од Ријека, клуб кој го промовираше Јован Манев како свое зимско засилување.

Македонскиот репрезентативец се сели во Хрватска и ќе биде дел од тимот кој се бори за титулата во домашното првенство, натпреварување кое му е добро познато на дефанзивецот поради неговото претходно искуство во Осијек.

Манев доаѓа во Ријека како слободен агент откако раскина со Адана Демирспор, а судбината може да направи своето деби во новиот клуб да го има на „Опус Арената“, токму против екипата на Осијек.

Како што информира Ријека, Манев потпишал договор во времетраење до 2027-ма година, но постои опција истиот да биде продолжен за уште една сезона.

– Добро ја познавам Првата фудбалска лига во Хрватска и знам каков квалитет има во ова првенство. Ријека работи со млади играчи и пресреќен сум што ќе играм за овој клуб. Нашата желба е бидеме први на крајот, ќе го дадеме максимумот за да стигнеме до титулата, – изјави Манев.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни