Поврзете се со нас

Шпанија

Официјално: Реал се раздели со својот капитен, Начо ќе заработи 20 милиони евра (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелеоти му порача на Начо да не прави лудости и да ја прифати понудата која ја има на маса од Реал Мадрид, но капитенот сепак одлучи да тргне по друг пат и да прифати понуда која не се одбива.

Искусниот стопер е подготвен за егзотично патување во завршната фаза од неговата кариера, а истото навистина добро ќе го наплати и ќе му донесе далеку помирна пензија, за него, но и за неговите најблиски.

Реал Мадрид точно напладне официјално информираше дека Начо не ја прифатил понудата и решил да го напушти својот матичен клуб, што значи дека дефанзивецот си оди од местото на кое пристигна како десетгодишно момче.

Начо беше дел од Реал Мадрид од 2001-ва година и во изминатите 23 години, 12 беа како член на првиот тим, а во друштво на Модриќ важи за најтрофеен играч во историјата на клубот.

Дефанзивецот одигра 364 натпрвари за првиот тим и освои 26 титули, а последната беше онаа во Лигата на шампионите на почетокот на месец јуни.

Следната дестинација на Начо е Саудиска Арабија, каде ќе заработи 20 милиони евра за две сезони од новиот прволигаш Ал Кадсијах чиј тренер е Шпанецот Мичел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни