Поврзете се со нас

Шпанија

Официјално: Реал го потврди ангажманот на Мбапе!

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Актуелниот шпански и европски шампион Реал Мадрид официјално го потврди ангажманот на Килијан Мбапе со што се става крај на една сага која траеше веќе со години.

Долго време Реал го посакуваше Мбапе, но Пари Сен Жермен секогаш наоѓаше начин напаѓачот да ги избере нив, да остане „светец“, меѓутоа и таа приказна заврши и сега Французинот како слободен играч ќе пристигне на „Сантијаго Бернабеу“.

Тој ќе биде огромно засилување за тимот кој веќе е моќен, тим со кој потпиша петгодишен договор.

Килијан во досегашната кариера има настапувано уште за Монако.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни