Поврзете се со нас

Англија

Официјално: Рашфорд направи трансфер на еден ден пред истекот на јануарскиот преоден рок (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Рубен Аморим целосно го изолираше Маркус Рашфорд од првиот тим на Манчестер Јунајтед и го принуди напаѓачот да си бара нова средина, а по долго размислување, англискиот репрезентативец останува дел од Премиер лигата.

Иако во последно време се поврзуваше и со Барселона, Рашфорд и натаму ќе го гледаме во англиската елита, и тоа како позајмен фудбалер во Бирмингем.

Астон Вила вечерва официјално потврди дека Рашфорд ќе биде големо засилување за вториот дел од сезоната, па Унаи Емери сега добива добра замена за Џон Дуран.

Клубот од „Вила парк“ на еден час пред полноќ соопшти дека е комплетирана цела документација за реализирање на трансферот, па Рашфорд ќе добие шанса за докажување во тимот на шпанскиот стручњак.

Преодниот рок во Англија истекува утревечер на полноќ, па останува да видиме какво ќе биде движењето во Англија и во завршниот ден на трансфер пазарот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни