Поврзете се со нас

Франција

Официјално: ПСЖ и Интер си подадоа рака, Икарди е нов член на „светците“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Аргентинскиот напаѓач, Мауро Икарди и официјално е нов член на францускииот шампион Пари Сен Жермен.

Клубот од Париз се одлучи да го задржи Икарди на „Паркот на принцовите“ откако минатава кампања ја мина на ова место како позајмен играч од калчолигашот Интер. „Светците“ за поранешниот капитен на „нероаѕурите“ издвоија 50 милиони евра, сума која може да се дополнителни 8 милиони евра ако се исполнат одредени точки во договорот.

Мауро кој во кампањата 2019/2020 даде 20 голови и 4 асистенции се обврза на договор со ПСЖ до 30 јуни 2024 година.

Италијанските медиуми воедно информираат дека Интер вметнал и клаузула во која ПСЖ ќе мора да му плати уште 15 милиони евра ако напаѓачот биде продаден во Серија А со тоа некои медиуми го истакнуваат, посочуваат само Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни