Поврзете се со нас

Формула 1

Официјално: Познат американски бренд ќе има тим во Формула 1 (Фото)

Објавено

на

Formel 1 - Mercedes-AMG Petronas Motorsport, Großer Preis der Türkei 2021.

Формула 1 веќе некое време ги најавува големите промени кои ќе следат во 2026-та година, па ако засега најголеми новитети беа и приклучувањата на Форд и Ауди, од денеска официјално познато е дека во „најбрзиот циркус“ влегува и Џенерал Моторс.

Американската компанија постигна договор со Формула 1 и после долги преговори е постигнат договор со Либерти Медија., според кој Џенерал Моторс во 2026-та година ќе се натпреварува во елитата како тим кој ќе биде именуван „Кадилак“.

Сезоната за две години ќе донесе голем сет промени во регулативата на користењето на погонските единици и ќе има значителни промени и во аеродинамиката, па сето ова звучело премногу возбудливо и предизвикувачко за Џенерал Моторс да оформи свој тим во Формула 1.

Кадилак станува 11-от тим кој се пријавува за Ф1 за сезоната 2026-та, година во која за првпат нема да има погонски единици на Рено по далечната 1988-ма година.

Според потпишаниот договор, Џенерал Моторс во воведните две сезони ќе користи погонски единици од некој од актуелните производители на мотори во Формула 1, но за 2028-ма планира да развие свој мотор и да користи сопствени погонски единици за своите болиди.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни