Официјално: Поранешниот вардарец Дејвис е нов тренер на Манасков во Веспрем

David Davis

Тоа што одреден период се најавуваше денеска официјално беше потврденот, Давид Дејвис Камара е наследникот на Љубомир Врањеш на клупата на Веспрем.

Поранешниот шпански репрезентативец го прифати предизвикот и повикот од унгарскиот шампион и ќе ја води оваа екипа во оваа година со можност договорот за биде продолжен за уште една сезона. Негов асистент ќе биде легендата на Веспрем, Карлос Перез.

Инаку Дејвис и е добро познат на македонската јавност со оглед на тоа што од 2014 до оваа година беше дел од екипата на Вардар каде му беше помошник на Раул Гонзалес, а едно време го водеше и женскиот состав.

Шпанецот во Веспрем ќе соработува со нашиот Дејан Манасков со кого добро се познава со оглед на тоа што крилото одреден период мина во таборот на „црвено-црните“ од Скопје.

Facebook Коментари