Италија
Официјално: Пипо Инѕаги повторно ќе води клуб од Серија А

Италијанската фудбалска легенда, Филипо Инѕаги и официјално доби нова работа со која се враќа во Серија А.
Популарниот Пипо последниот ангажман го имаше во Реџина во Серија Б, клуб кој потоа поради административни проблеми беше исфрлен во Серија Д. Сега Инѕаги прави кам-бек во највисокиот италијански ранг и тоа како предводник на Салернитата која одлучи да се збогува со Пауло Соуза.
Составот од Салерно не забележа ниту една победа по осум одиграни кола, освои само три бода по што стана јасно дека нешто мора да се менува, поточно Соуза доби отказ и сега задача на Инѕаги е да ја поправи ситуацијата, да го врати тимот во безбедна зона, односно задачата му е да обезбеди опстанок.
Филипо на новата функција ќе дебитира на 22 октомври во соочувањето со Калјари, екипа која е последна на табелата што значи дека 50-годишниот стручњак има идеална можност да квалитетен старт на оваа нова етапа.
-
Англијапред 23 часа
Кин за врската со Фергусон: Зошто да имам добар однос со некој кој ве фрла под автобус?
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола за контроверзниот момент на дербито: Не можам да го разберам потегот на судијата (Видео)
-
Англијапред 9 часа
Гвардиола имал „Ван Гал момент“ по голот на Кулушевски (Фото)
-
Англијапред 19 часа
Контроверзната судиска одлука го испровоцира: Халанд беснееше на теренот, па продолжи на социјалните мрежи
-
Боречки спортовипред 21 час
Судија „заборави“ да прекине борба, УФЦ фановите шокирани од сцената во Остин (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Мурињо ја доби „војната“ со Берарди и Сасуоло и упати една уште една провокација до ривалот
-
Францијапред 24 часа
Луис Енрике: Јас сум одговорен за црвениот картон на Донарума
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг образложи зошто бесно викаше кон еден свој фудбалер: Тоа беше порака до целиот тим (Видео)