Поврзете се со нас

Балкан

Официјално: Пикси е именуван за нов селектор на Србија

Објавено

на

blank

Легендата на југословенскиот фудбал, Драган Стојковиќ Пикси официјално е именува за нов селектор на репрезентацијата на Србија.

Долго време се шпекулираше дека Пикси ќе застане на оваа функција за да на крајот тоа стане и реалност, па тој потпише договор на три години, поточно до крајот на квалификациите за Европското првенство в0 2024 година.

-Пресреќен сум и истовремено сум крајно горд. Нема поголема чест од тоа да се биде селектор на нашата земја. Не можев да посакам подобар подарок за роденденот. Свесен сум за одговорноста што ја преземам, но верувам во сопствениот квалитет, квалитетот на моите соработници и огромниот потенцијал што го има нашиот тим, -порача Стојковиќ во првата изјава.

Инаку Драган на оваа позиција е замена за Љубиша Тумбаковиќ со кого не беше продолжена соработката откако Србија не обезбеди пласман на ЕП.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни