Поврзете се со нас

Италија

Официјално: Останаа уште само четири клуба во Супер лигата!

Објавено

на

Крајот и колапсот на кратокорончниот план Супер лига е се поизвесен, откако по откажувањето на Англичаните, сега пристигна и прво повлекување на клуб од Апенините.

Неколку минути по првата изјава на Андреа Ањели како потпретседател на Супер лигата, Интер стана првиот од трите италијански клуба кои се повлекоа од натпреварувањето кое требаше да биде силна конкуренција на Лигата на шампионите.

– Интер Милано потврдува дека клубот повеќе не е дел од проектот на Супер лигата. Ние секогаш сме тука да им ги овозможиме на фановите најдобри искуства. Нашиот ангажман се засноваше со цел да ја подобриме фудаблската индустрија, таквиот наш став никогаш нема да се промени.

– Интер верува дека фудбалот како и секој сектор, секогаш мора да се стреми кон подобрување на натпреварувањата, да ја одржи возбудата кај фановите. Со нетрпение очекуваме да продолжиме да работиме со институциите и сите засегнати страни, – гласи објавата на Интер.

Речиси истовремено со соопштението на Интер, со објава се јави и Атлетико Мадрид, па така „душекџиите“ станаа првите шпански претставници кои направија чекор назад и се повлекоа од Супер лигата. Тоа значи дека во овој момент, дел од пактот на 12-те клуба останаа уште Реал Мадрид, Барселона, Јувентус и Милан, но за верување е сите да се откажат од првичната идеја.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни