Поврзете се со нас

Италија

Официјално: Осимен сепак се избори за излез од Наполи и си пронајде нов клуб (Фото)

Објавено

на

Фото:twitter.com/sscnapoli

Виктор Осимен беше најголем губитник во последниот ден од летниот преоден рок во топ 5 лигите, бидејќи најпрво самиот го стопираше трансферот во Саудиска Арабија, за потоа да му пропадне начелно договорената операција со Челси, која и дефинитивно колабираше пред полноќ.

На тој начин, Нигериецот се осуди на пропаст и се најде во крајно незавидна ситуација, но откако му стана јасно дека Наполи е цврст во намерите да го избрише од првиот тим и дека не планира да повлече чекор назад, Осимен реши да ја искористи последната опција која му се понуди на трансфер пазарот.

Турскиот трансфер пазар е отворен до средината на месец септември и тоа му овозможи на Осимен посериозно да преговара со Галатасарај во изминатите 24 часа, а после сите перипетии кои ги доживеа на крајот на месец август, Нигериецот сега многу брзо се договори со Турците.

Иако Наполи бараше исполнување на неколку услови за да се комплетира позајмицата, на крајот изгледа дека истите биле одобрени од страна на трите страни, па така Осимен во новата сезона ќе го гледаме во дресот на Галатасарај.

Самиот клуб нешто по полноќ официјално потврди дека го добива извонредниот напаѓач на едногодишна позајмица, операција во која ќе му ја покрие цела плата на фудбалерот која изнесува 10 милиони евра.

Наполи како клуб поставил услов договорот автоматски да му биде продолжен до 2027-ма година кога ќе се врати следното лето, се со јасна цел да има пазарна моќ кога ќе дојде ред повторно да го продава Нигериецот. Според последните информации, Аурелио Де Лаурентис сепак направил една отстапка околу откупната клаузула, која сега е значително намалена и следното лето ќе изнесува 75 милиони евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни