Поврзете се со нас

Репрезентација

Официјално: Милевски е наследникот на Ангеловски во македонската репрезентација

Објавено

на

Благоја Милевски е именуван за нов селектор на најдобрата македонска фудбалска репрезентација.

Милевски кој досега го предводеше националниот состав до 21 година го прифатил предизвикот и од 1. август официјално ќе застане на функцијата која досега ја вршеше Игор Ангеловски.

Ангеловски шест години беше селектор на „црвено-жолтите“ со кои успеа да направи историски успех и се пласираше на Европското првенство каде се соочивме со Австрија, Украина и Холандија, средби кои ги загубивме во Букурешт и Амстердам.

Кога е во прашаше пак Боби тој беше творец на генерација која во 2017 година играше на младинското ЕП, па сега тој добро ги знае голем дел од репрезентативците со оглед на тоа што во минатото соработуваше со нив, односно минаа низ неговите раце.

Воедно Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одлучи Драган Канатларовски-Цапар да биде нов селектор на надежите до 21 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни