Поврзете се со нас

Формула 1

Официјално: Мик Шумахер договори ангажман во Формула 1 (ВИДЕО)

Објавено

на

Тоа што се најавуваше и официјално се потврди, Мик Шумаер, синот на легендарниот Михаел Шумахер од наредната сезона ќе биде дел од Формула 1 и ќе вози за тимот на Хас.

Младиот Германец кој во моментов е лидер во Формула 2 потпиша повеќегодишен договор со американската екипа со што тргна по стапките на неговиот татко кој освои седум титули во највисокиот ранг и е еден од најдобрите возачи во историјата на овој спорт.

-Секогаш верував дека овој сон ќе се оствари. Да се вози за Хас е е неверојатно чувство, не можам да бидам посреќен. Им благодарам на сите кои ми даваа поддршка, -порача Мик кој за клупски колега ќе го има Никита Мазепин кој вчера беше потврден од Хас.

Од Ф1 по оваа вест на Шумахер излегоа со едно интересно, емотивно видео за добредојде, видео во кое едногодишниот Мик е заедно со неговиот татко Шумахер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни