ОФИЦИЈАЛНО: Менди е нов фудбалер на Реал Мадрид

Ferlan-Mendi

Реал Мадрид вечерва официјално го потврди трансферот на Ферлан Менди, левиот бек кој доаѓа на „Сантијаго Бернабеу“ по барање на Зинедин Зидан и потпишал шестгодишен договор со шпанскиот клуб.

Настапувајќи за Лион, Менди две сезони по ред беше избран за најдобар лев бек во француското првенство, а Реал за неговите услуги ќе плати 48 милиони евра, плус 5 милиони евра во вид на бонуси.

Францускиот репрезентативец ги минал лекарските прегледи и официјално ќе биде претставен на 19. јуни.

Facebook Коментари