Поврзете се со нас

Англија

Официјално: Меч од Премиер лигата е одложен поради коронавирус!

Објавено

на

Официјално го имаме првиот одложен натпреваро во Премиер лигата поради КОВИД-19, а тоа е оној меѓу Астон Вила и Њукасл кој овој петок требаше да се одигра на „Вила Парк“.

Во таборот на Њукасл се појави повеќе позитивни случаи на коронавирус, па беше затворен нивниот тренинг центар и беше побарано одложување на натпреварот со Астон Вила.

Премиер лигата заедно во консултација со клубовите и здравствените власти донесе одлука да не се одигра мечот во закажаниот термин, односно во прв план да се стави здрвајето на играчите и вработените.

Во текот на оваа седмица ќе има нови тестови во клубот од „Сент Џејмс Парк“ по што ќе се знаат кои ќе бидат следните чекори, поточно дали ќе има можност тимот или барем дел од него да се врати на обврските.

Новиот термин за натпреварот допрва ќе биде утвреден, а од ПЛ им посакаа безбедно и брзо закрепнување на сите оние заразени со КОВИД-19.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни