Поврзете се со нас

Италија

Официјално: Марота доби унапредување од новите газди во Интер (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Интер доби нови газди откако Стивен Жанг не го испочитува ултиматумот и не го исплати долгот кој го прифати како прв човек на клубот, па тоа автоматски значеше дека „Оуктри“ ќе раководи со актуелниот италијански првак започнувајќи од 1-ви јуни.

Американскиот инвестициски фонд прифати да биде дел од големата владеачка промена во клубот и вети дека ќе остане максимално амбизиозен како претходниците, а една од главните цели беше да се задржат луѓето кои го однесоа клубот на прав пат.

Тука во преден план беа ставени диреторите, од кои Бепе Марота од ова утро и официјално беше унапреден и сега е назначен за нов претседател на Интер.

Иако во прв момент се шпекулираше дека тоа ќе биде Хавиер Занети, сепак досегашниот главен оперативец е тој што ја добива најодговорната функција од „Оуктри“.

– Интер денеска официјално објавува дека е предлоожено назначуваењ на Џузепе Марота како нов претседател на клубот. Исто така, предложен е и нов состав на Управниот Одбор, кој ќе биде изгласан на состанокот кој ќе го имаат акционерите во Милано во текот на денешниот ден, – се вели во соопштението на Интер.

Марота заврши спектакуларна работа како извршен директор во изминатите шест години и освои големи трофеи, но сега оди скалило погоре и ќе има уште поголема одговорност.

– Сакам да им се заблагодарам на луѓето од „Оуктри“ за укажана доверба и шансата која ми ја нудат да работам со Управниот Одбор. Ова е потврда за фантастичната работа која ја завршија многу луѓе во изминатите три години. Горд сум што сум дел од Интер и што останувам поврзан со овој клуб, – изјави Марота.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни