Официјално: Маркез заработи казна поради новата глупост со Вињалес и остана без пол позиција (Видео)

markez-kaciga

Дирекцијата на трката уште за време на квалификациите јасно стави до знаење дека сомнителниот потег на Марк Маркез ќе биде под истрага, а неколку часа по завршувањето на возбудувањата на патеката во Остин, пристигна официјално соопштение во кое се потенцираше дека актуелниит светски шампион ќе заработи казна за своето непрописно возење.

Имено, на две минути пред завршувањето на квалификациите, Маркез му попречи на Маверик Вињалес кој беше во таканаречен „брз круг“ и го оневозможи да вози по најдобрата траекторија, а со оглед на тоа што неговиот сонародник веднаш му замери за таквиот потег, одговорните луѓе во Мото ГП повторно го ставија „под лупа“ неговото непрописно возење.

По хаосот кој го направи во Аргентина пре две недели, на Маркез му беше порачано дека ќе мора повеќе да вникмава на прописите, а бидејќи тоа не му појде од рака на квалификациите во Остин на кој инаку го освои првото место, сега остана без пол-позицијата.

Дирекцијата на трката го казни Маркез со три стартни места, па така наместо од првото, оваа вечер Марк ќе стартува од четвртото место на трката за Големата награда на Америка.

Facebook Коментари