Поврзете се со нас

Англија

Официјално: Манчестер Сити се повлече од Супер лигата

Објавено

на

Манчестер Сити вечерва ги потврди шпекулациите дека ќе се повлече од проектот наречен Супер лига.

Сити требаше да биде еден од шесте англиски клубови, основачи на новото натпреварување, но по големиот притисок на јавноста и фановите, клубот ретерираше и најави повлекување.

– Манчестер Сити може да потврди дека ја започна процедурата за повлекување од групата одговорна за формирање на Супер лигата, – стои во краткото клупско соопштение.

Тоа е само потврда дека Флорентино Перез и неговите соработници останаа без Сити и Челси во обидот да формираат ново натпреварување, а останува да се види дали и други клубови ќе го следат чекорот на двете англиски екипи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни