Поврзете се со нас

Англија

Официјално лице на клуб од Премиер лигата со остар став кон оние кои одбиваат да се вратат: Мислам дека тие треба…

Објавено

на

Во Англија денеска ќе се одлучува дали и кога фудбалерите ќе се вратат на групни тренинзи во своите тренинг кампови.

Првично треба да се даде зелено светло за тренинзи во помали групи, а потоа, една недела подоцна тренинзите да се одвиваат во полн состав.

Така, играчите би се подготвиле за евентуалното враќање на терените кое веројатно ќе се случи на 12 јуни или 19 јуни.

Сепак, голем дел од играчите јавно изразија незадоволство поради ваквата одлука на властите во Англија и посочија дека е многу опасно за нив да се вратат на терените.

Едно официјално лице на клуб кој се натпреварува во Премиер лигата, кое сакало да остане непознато за јавноста во интервју за „Скај Спортс“ жестоко удри по фудбалерите кои не сакаат да се вратат на терените.

– Навистина мислам дека тие не треба да земат плата. Ако прашате обичен човек дали би тренирал и би играл фудбал против други луѓе, два пати во неделата, за 60.000 фунти неделно, секој ќе каже да. Тоа многу ме лути, -изјави официјалното лице за „Скај Спортс“.

Серхио Агуеро, Дани Роуз, Мануел Ланцини и Трој Дини се играчите кои излегоа во јавноста и побараа сезоната да не се продолжува по секоја цена потенцирајќи дека стравуваат за своето здравје.

Клубовите денес ќе имаат уште една средба на која ќе се одлучи што понатака и на која ќе бидат прецизирани неколку одредби.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни