Официјално: Лестер донесе репрезентативец на Португалија

59bf90cfe559c

Од редовите на некогашниот шампион на Англија, Лестер, и официјално објавија дека постигнале договор со Порто за трансферот на десниот бек Рикардо Переира.

24 годишниот фудбалер кој доби повик во репрезентацијата на Португалија за претстојниот Мундијал во Русија со тимот на „лисиците“ потпиша петгодишен договор.

-Се чувствувам многу среќно што сум тука и со нетрпение очекувам да го дадам максимумот за да му помогнам на клубот. Атмосферата, фановите и фудбалот кој се игра ја прават Премиер лигата најдобра во светот. Тука сум да му помогнам на тимот да ги постигне своите цели- коментираше Переира при потпишувањето на договорот со Лестер.

Новиот фудбалер на Лестер беше стандарден оваа сезона во дресот на Порто со кого ја освои титулата во португалската најсилна лига.

Facebook Коментари