Поврзете се со нас

Свет

Официјално: Легенда на Ливерпул и Барселона ќе го води Меси во Интер Мајами (Фото)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/InterMiamiCF

Интер Мајами влезе со огромни амбиции во плејофот по историската сезона во регуларниот дел, но големиот фаворит доживеа шок од аутсајдерот Атланта и предвреме ги заврши настапите во МЛС лигата.

Овој тежок удар резултираше со брза голема промена во првиот тим, и тоа по барање на Тата Мартино кој реши да се повлече откако не ги исполни очекувањата.

Искусниот аргентински стручњак порача дека си заминува поради „приватни причини“ во обид да го неутрализира спортскиот неуспех, но Интер Мајами ја прифати неговата оставка и веќе денеска официјално го назначи наследникот.

Дејвид Бекам очигледно има огромна доверба во Аргентинците, па наследник на Мартино ќе биде неговиот сонародник, Хавиер Маскерано.

Некогашниот играч на Ливерпул и Барселона важи за добар пријател на Меси во приватниот живот, па сигурно и ова е една од главните причини поради кои добива шанса да биде тренер на Интер Мајами.

Популарниот „Ел Хефесито“ во изминатиот период ја водеше аргентинската младинска репрезентација, како и олимпискиот тим на игрите во Париз.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни