Официјално: Лазаров нов член на Бешикташ

lazarov

Македонскиот репрезентативец бек, Филип Лазаров и официјално е дел од најдобриот турски ракометен колектив Бешикташ.

Филип денеска ги мина лекарските прегледи со што се затвори овој трансфер. Нашиот ас доаѓа во новата средина од таборот на Пелистер, клуб во кој мина само неколку месеци, поточно тој повторно се реши да замине на печалба, откако дојде понудата од Турција од составот кој и годинава е дел од Лигата на шампионите.

Негов соиграч во Бешикташ ќе му биде Немања Прибак, играч со кој многу добро се познaва бидејќи играа заедно во Вардар, а и во националниот тим.

Facebook Коментари