Шпанија
Официјално: Ла Лига и шпанската Федерација не дозволија регистрација на Олмо
Жоан Лапорта отстапи голем дел од ВИП седиштата на новиот „Спотифај Камп Ноу“ за да го реши горлчивиот проблем наречен „Дани Олмо“, но иако изминува четвртиот ден од новата 2025-та година, крајот на оваа сапуница не изгледа воопшто блиску.
Претседателот на Барселона не успева да ги добие правните битки кои ги води со Ла Лига и шпанската Фудбалска Федерација, а откако овие две тела денеска излегоа со официјални соопштенија дека Дани Олмо и Пау Виктор не можат да бидат регистрирани, каталонскиот клуб ќе мора да ја бара правдата на друга инстанца.
Ла Лига и Федерацијата појаснуваат дека Барселона не го запазила точно утврдената временска рамка и средствата за ВИП седиштата не стигнале навреме, па така Олмо и Виктор според нив се фудбалери кои не можат да добијат лиценца за настап во професионалниот шпански фудбал.
Оваа неверојатна ситуација дефинитивно негативно влијае врз репутацијата на Барселона како клуб, но уште повеќе за работата на Жоан Лапорта кој полека ги троши и последните ресурси во обид да ја спаси целата ситуација.
Како што јавуваат каталонските медиуми по соопштенијата на Ла Лига и Федерацијата, Барселона како клуб сега ќе се насочи кон Управниот спортски суд во Шпанија, односно таму ќе бара издавање на специјална лиценца за регистрирање на двајцата фудбалери кои беа дел од тимот во првиот дел од сезоната.
-
АТП12 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија21 час
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Англија22 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП20 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
Италија19 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Шпанија21 час
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
Италија20 часа
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер
-
АТП18 часа
Алкарас со убедлив триумф тргна на Австралија Опен (ВИДЕО)