Поврзете се со нас

Италија

Официјално: Јувентус го потврди новиот тренер

Објавено

на

Foto:twitter.com/Bolognafc1909

Јувентус денеска го официјализираше наследникот на Макс Алегри, па и дефинитивно нов тренер на „бјанконерите“ ќе биде Тиаго Мота.

Поранешниот италијански репрезентативец се наметна со одличната сезона како предводник на Болоња, која заврши со обезбедено место во Лигата на шампионите, а сега прифати нов и посериозен предизвик.

Италијанските медиуми одамна потенцираа дека Јувентус и Мота имаат меѓусебен договор и прашање на време е само кога тој ќе биде официјализиран, нешто што се случи токму вечерва.

Мота потпишал договор со Јувентус до 2027 година, а допрва се очекува какви потези ќе влече во соработка со спортскиот директор Кристијано Џунтоли.

– Навистина сум среќен да започнам ново поглавје на чело на голем клуб како Јувентус. Им благодарам на сопствениците и менаџментот, кои можат да бидат сигурни во моите амбиции за да ги направиме фановите задоволни, – вели Мота во првата изјава за официјалната интернет страница на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни