Официјално: Ибрахимовиќ се раздели со Манчестер Јунајтед

ibra

Златан Ибрахимовиќ веќе не е член на Манчестер Јунајтед и може да преговара за нов ангажман, потврди вечерва англискиот клуб.

Со ова се потврдени информациите кои ги објавија дел од англиските медиуми во текот на денешниот ден, а Јунајтед и Ибрахимовиќ постигнале согласност за раскинување на соработката.

– Сите во клубот му се благодарни на Златан Ибрахимовиќ за придонесот во тимот откако пристигна и му посакуваме успеси и во иднина, – стои во краткото соопштение на „црвените ѓаволи“.

Шведскиот фудбалер дојде на „Олд Трафорд“ претходната сезона која не ја доигра докрај поради посериозна повреда, а иако го продолжи договорот со Јунајтед, последен пат настапи за англискиот клуб на крајот на 2017 година.

Facebook Коментари