Поврзете се со нас

АТП

Официјално: Ѓоковиќ се повлече од Ролан Гарос

Објавено

на

foto:twitter.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ нема да го продолжи настапот на Ролан Гарос, a како причина е наведена повредата на коленото, на која српскиот тенисер се пожали за време на осминафиналниот меч.

Резултатите од магнетната резонанца на коленото очигледно потврдиле лоши вести за светскиот рекет број еден, па тој решил да не ризикува и го заврши настапот во Париз.

Србинот одигра два долги мечеви во пет сета во серија, а на последниот против Серундоло се пожали на проблем со коленото и уште по триумфот призна дека не е сигурен дали ќе може да игра во следната рунда.

Ѓоковиќ во утрешното четвртфинале требаше да игра против Каспер Руд, па Норвежанецот сега ќе обезбеди директен пласман во полуфиналето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни