Поврзете се со нас

Франција

Официјално: Гатузо ја продолжи црната тренерска серија со нов отказ! (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OM_Officiel

Џенаро Гатузо доста лошо ја заврши својата тренерска авантура во Наполи, а од моментот кога се раздели со Аурелио Де Лаурентис, легендарниот играч за врска на Милан на своја кожа почувствува колку тренерската работа може да биде сурова.

Во период кога излегоа информации дека италијанската мафија му се заканува на неговото семејство, популарниот Рино не мина низ добар период и на професионално ниво, па така лошите резултати денеска и официјално кулминираа со отказ.

Марсеј преку официјално соопштение му се заблагодари на Гатузо и објави дека неговата работа како тренер завршува, само пет месеци по ангажирањето во месец септември.

Со ова, Рино заокружува едно црно поглавје во својата кратка тренерска кариера, бидејќи пред отказот од Марсеј, мина доста лошо и на „Месталја“ како предводник на Валенсија.

Гатузо ја остави Валенсија во борбата за опстанок и самостојно си замина на почетокот на минатата година, а после него тимот го наследи Рубен Бараха кој ги поправи резултатите и успеа да ги остави „лилјаците“ во елитата.

Говорејќи за надолниот пад во тренерската кариера на Рино, не треба да се заборави дека доби и понижување од Фиорентина неколку недели откако се раздели со Наполи, бидејќи Гатузо беше промовиран во Фиренца на 25-ти мај 2021-ва година, а договорот беше прекинат на 17-ти јуни, односно пред да го одработи првиот официјален тренинг како тренер на „виолетовите“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни