Поврзете се со нас

Формула 1

Официјално: Ферстапен доби нова казна пред трката во Бразил

Објавено

на

Foto:twitter.com/F1

Макс Ферстапен има 47 бода предност пред Ландо Норис пред последните четири трки во сезоната, но веќе некое време е евидентна разликата во перформанси меѓу неговиот Ред Бул и возачите на Мекларен и Ферари.

За да се намали штетата, Ред Бул и светскиот шампион одлучија да направат шеста промена со моторот во текот на актуелната сезона, па поради тоа Макс ќе мора да одработи казна на трката во Интерлагос.

Ферстапен добива казна од пет позиции за стартот на неделната трка во Бразил, бидејќи по втор пат оваа сезона ги прекршува правилата за користење на моторите во Формула 1.

Ова е одлична вест за Ландо Норис и неговиот тим, бидејќи трката во Сао Пауло може да биде нова добра шанса да се намали негативата во генералниот пласман.

Норис беше најбрз на денешните тренинзи и тоа е уште подобра вест за него пред неделната трка, но сепак главниот одговор ќе го добиеме утре кога се возат квалификациите во Бразил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни