Шпанија
Официјално: Династијата „Флорентино Перез“ доби седмо продолжение во Реал Мадрид (Фото)

Династијата наречена „Флорентино Перез“ добива свое седмо продолжение во Реал Мадрид, откако славниот претседател од денеска и официјално го отпочна својот седми мандат како прв човек на клубот.
Како единствен кандидат на денешното изборно Собрание во Реал Мадрид, Флорентино на рутински начин доби акламација како претседател на „кралскиот клуб“, што во превод значи дека ќе претседава со најуспешниот клуб во Европа најмалку до 2029-та година.
Перез кој во март ќе полни 78 години се претвора како претседател кој најдолго го водел Реал Мадрид во клупската историја, а за време на неговиот мандат кој се одвиваше во две етапи, „кралевите“ освоија вкупно 65 титули.
37 доаѓаат од фудбалските натпреварувања во Шпанија, Европа и светот, а 28 се од кошаркарската секција каде Реал Мадрид исто така доминира на стариот континент.
Првата етапа на Перез во клубот траеше од 2000-та до 2006-та година, потоа направи три години пауза, а потоа клубот повторно го презема во 2009-та година и се уште раководи со него до ден денеска, нешто што ќе го прави и во иднина до 2029-та година.
Acta de reunión de la Junta Electoral del Real Madrid.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) January 19, 2025
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони9 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…