Шпанија
Официјално: Димитриевски доби нов тренер во Валенсија (Фото)
Валенсија реагираше по последното реми со Алавес и со тешко срце реши да му врачи отказ на легендарниот Рубен Бараха, по што стана јасно дека Столе Димитриевски и неговите соиграчи ќе добијат нов тренер пред новата 2025-та година.
Иако прв избор на клубот беше искусниот Кике Санчес Флорес, проблемите во преговорите ги натераа одговорните лицеа на Валенсија да ја активираат втората опција, па на крајот истата ја завршија во многу брз временски период.
Истиот ден по врачениот отказ на Бараха, Валенсија успеа да се договори со Карлос Корберан, а утрово неколку часа по полноќ беше соопштено дека тој ставил параф на договорот откако била депонирана откупната клаузула вредна околу 3 милиони евра.
Досегашниот менаџер на Вест Бромвич Албион ставил потпис на две иполгодишен договор, што значи дека ќе биде на „Месталја“ до крајот на сезонава и во наредните две.
Корберан е млад 41-годишен стручњак кој својата кариера ја градеше во Чемпионшип лигата, бидејќи пред да го тренира Вест Бромвич Албион, беше менаџер и на Хадерсфилд.
Тоа што нема посериозно прволигашко искуство прави изборот на Валенсија да биде изненадувачки, но само времето ќе покажа дали Корберан ќе успее да го подобри тимот и да го извади од опасната зона на табелата.
„Лилјаците“ се претпоследни на табелата со само 12 освоени бода од стартот на сезоната, па Корберан дефинитивно ќе има сериозно тешка работа на „Месталја“.
COMUNICADO OFICIAL | CARLOS CORBERÁN
¡Bienvenido al @valenciacf, Carlos! 🤝
UNITS COM SEMPRE 🦇#BenvingutCorberán #ADNVCF
— Valencia CF (@valenciacf) December 25, 2024
-
Светски првенства10 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија21 час
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства24 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија16 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија22 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Свет19 часа
Уште еден Македонец може да заврши на островот: Атанасов интересен за клуб од Шкотска
-
Англија22 часа
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Репрезентација23 часа
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!