Шпанија
Официјално: Барселона испрати двајца фудбалери на позајмици во Атлетико и Бетис (Фото)
Барселона прави завршни напори за да се ослободи од играчите на кои не смета Ханси Флик, а со тоа да го ослободи буџетот и конечно да добие зелено светло за регистрација на Дани Олмо, но и за ангажман на уште некое засилување до крајот на летниот преоден рок.
Најтешка работа во оваа последна фаза од трансфер пазарот има Деко, кој рано утрово успеал да комплетира две позајмици, кои беа официјално потврдени и од клубот.
Барселона го испрати Клеман Ленгле на позајмица во Атлетико Мадрид и клубот од престолнината за тоа ќе плати околу 4 милиони евра, но што е уште поважно, каталонците успеаја да му пронајдат идеална средина и на Витор Роке.
Незадоволниот Бразилец не успеа да се наметне во Барселона, но бидејќи клубот не сака така лесно да се откаже од јануарското засилување, реши да го испрати на заем.
Роке ќе игра како позајмен фудбалер во Бетис до крајот на сезоната, па јасно е дека бразилскиот напаѓач првата сериозна шанса во шпанската елита ќе ја добие на „Бенито Виламарин“.
❗TRANSFER NEWS
▶ Clément Lenglet loaned to Atlético de Madrid until 30 June 2025— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 26, 2024
❗TRANSFER NEWS
▶ Vitor Roque loaned to Real Betis Balompié until 30 June 2025— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 26, 2024
-
Италијапред 11 часа
Матераци го „пецна“ Ибрахимовиќ: Се надевам дека Милан нема да го врати Малдини
-
Италијапред 14 часа
Ултрасите на Рома ќе го бојкотираат дебито на Јуриќ
-
Англијапред 14 часа
Шпански фудбалер веќе зажалил што го одбил Ливерпул
-
Германијапред 10 часа
Милер тресна на земја на бизарен начин, соиграчите паѓаа од смеење (Видео)
-
Формула 1пред 10 часа
Хамилтон му се спротивстави на првиот човек на ФИА, Ферстапен повикан од стјуардите
-
Шпанијапред 15 часа
Гути со свој фаворит за „Златната топка“: Еден фудбалер се истакна на ниво на цела сезона
-
Лига на шампионипред 16 часа
Одбраната на сезоната ја видовме уште во првото коло во ЛШ: Раја направи чудо во Бергамо (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Реал Мадрид го следи новото „златно момче“ на Валенсија