Поврзете се со нас

Германија

Официјално: Баерн исплати 30 милиони евра, Компани го доби првото летно засилување (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayernEN

Баерн Минхен почна да прави планови за новата натпреварувачка сезона со корекции во одбраната, па иако првично оствари сериозни контакти со Џонатан Та, сепак друг дефанзивец пристигнува прв на „Алијанц арена“.

Фантастичниот играч на Баер Леверкузен е моментално дел од германскиот тим и е фокусиран на Европското првенство, а во случај кога таа операција се одложува за подоцнежна фаза од летниот преоден рок, Баерн на средината на јуни го официјализираше првиот трансфер.

Баварците имаа разочарувачка сезона и најавија серија промени во тимот, но пред да дојде до заминување на дел од играчите, Хироки Ито е оној кој е прво засилување за Венсан Компани.

Станува збор за фантастичниот дефанзивец кој воодушеви во Штутгарт оваа сезона, 25-годишен стопер кој може одлично да одговори и на позицијата лев бек. Баерн реши да не преговара со Штутгарт и да ги заобиколи непријатните ситуации, па со исплаќање на откупната клаузула од 30 милиони евра го доби тоа што го посакуваше.

– Пресреќни сем што Хироки Ито потпиша за Баерн. Сакаме гладни играчи кои носат нова енергија во тимот, а Хироки поседува се што сакаме. Тој е играч кој сака предизвик, сака да го надмине предизвикот и да напредува. Веќе доживеа и искуси многу како 25-годишник и знае да се носи со притисок. Добиваме големо засилување во него, – вели спортскиот директор на Баерн, Макс Еберл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни