Европски првенства
Официјално: Ангеловски ќе ја води Македонија на ЕП!

Игор Ангеловски дефинитивно ќе ја води Македонија на Европското првенство кое ќе се одржи во оваа календарска година.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го потврди новиот договор според кој популарниот Мрме останува на сегашната функција и ќе ги води нашите момци во битките со Холандија, Украина и Австрија.
– Како што ветивме пред јавноста за нашиот прв избор за селектор, денеска потврдуваме дека го продолжуваме патот кон успехот. Со Игор лесно се договоривме за сите детали околу продолжување на соработката бидејќи и кај него и кај нас владееше позитивно расположение успехот што го направивме да го продолжиме заедно. Ние сме професионалци и знаеме дека добрите резултати даваат поголема шанса за задржување на некоја позиција. Горди сме на сѐ што направивме како репрезентација и федерацијата ќе продолжи да обезбедува најдобри услови за работа, како што впрочем беше и досега.
Селекторот со својот стручен штаб во одлична атмосфера сега треба да се подготвуваат за квалификациите за Светското првенство и Европскиот шампионат. Сите ние посакуваме да нѐ поведат кон нови успеси. Верувам дека Македонија ќе го покаже вистинското лице и праќам апел до целата нација и сите навивачи да бидеме сложни и да покажеме единство.
Пласманот на Европското првенство е сон за секое дете, а фудбалерите сега имаат исклучителен мотив за нови победи. Сега треба да помогнеме сите, на било кој начин, а потоа ќе зборуваме за нашиот пласман на ЕУРО 2020 и колку тоа значи за иднината на македонскиот фудбал, –изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Само за потсетиме ова за Македонија е прв настап на едно големо натпреварувања, а до истото дојдовме пркеу Лигата на нации каде прво ја минавме групната фаза, па преку плејоф натпреварите против Косово и Грузија дојдовме до собирот на најдобрите репрезентации на стариот континент.

- Италијапред 24 часа
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Англијапред 22 часа
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 20 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Англијапред 19 часа
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Италијапред 22 часа
Лукаку: Интер сака да се подобрува, Роналдо…
- Светпред 19 часа
Тадиќ предизвика хаос со капитенот на ПСВ во 92. минута, па едвај влезе во автобусот на Ајакс (Видео)
- Англијапред 20 часа
Солскјер незадоволен по дербито: Не добивме чист пенал
- Шпанијапред 17 часа
Жоао Феликс го замолкнуваше Симеоне, тренерот на Атлетико му одговори со стил (Видео)