Поврзете се со нас

Германија

Официјално: Алонсо се врати во Германија, ќе води тим од Бундеслигата

Објавено

на

Шпанската фудбалска легенда, Чаби Алонсо по завршувањето на играчката кариера одлучи да се впушти во тренерските води и во изминативе години прво работеше во Реал Мадрид во категоријата до 14 години, а потоа го водеше Б составот на Реал Сосиедад.

Сега Алонсо ја доби првата посериозна задача на големата сцена, поточно од денеска е именуван за нов тренер на германскиот бундеслигаш Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ одлучија да се разделат од досегашниот стратег Херардо Сеоане и на негово место да го назначат Чаби кој добро го познава фудбалот во Германија со оглед на тоа што од 2014 до 2017 година беше член на Баерн Минхен.

-Во Чаби Алонсо потпишавме тренер кој како играч долги години беше апсолутен професионалец од светска класа, интелигентен стратег и исклучително успешен во три од најдобрите европски лиги, -истакна директорот, Симон Ролфс.

Чаби се согласи на договор до 30 јуни 2024 година, а тој официјално ќе биде претставен на јавноста во текотна утрешниот ден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни