Лига на шампиони
Официјални стартни постави: Гвардиола го остави на клупа играчот кој го излуде Винисиус, една измена направи и Инѕаги (Фото)

На час и половина пред големото финале во Лигата на шампионите, двајцата тренери ги отворија картите и ги избраа 11-те на кои им даваат најголема доверба, односно ги избраа „воините“ кои ќе водат битка во Истанбул од првата минута.
Завршницата на најелитното натпреварување секогаш носи посебна анализа за педантните стручњаци, а Пеп Гвардиола и Симоне Инѕаги се одлучија да направат по една измена за големото финале.
Гвардиола го остава на клупата за резерви Кајл Вокер кој беше најдобар дефанзивец во полуфиналето со Реал Мадрид и кој го излуде Винисиус, а не негово место во стартниот тим влегува Аке.
Вокер претходно не беше дел од стартниот тим на Пеп, но многумина сметаа дека си го осигура своето место во финалето со последните настапи. Така не мислеше и Гвардиола кој во одбраната ги постави Аке, Аканџи, Диас и Стоунс.
На голот е стандардниот Едерсон, во средината се Родриго, Гундоган и Де Брујне, а во нападот Силва, Грилиш и Халанд.
Кај Интер, единствена замена е отсуството на Хенрик Мхитаријан, кој поради повредата која ја имаше очигледно не е доволно здрав за да стартува, па на негово место влегува Брозовиќ.
Стартни постави:
Манчестер Сити – Едерсон, Аканџи, Диас, Аке, Стоунс, Родриго, Гундоган, Де Брујне, Силва, Грилиш и Халанд.
Интер – Онана, Дармијан, Ачерби, Бастони, Дамфрис, Барела, Брозовиќ, Чалханоглу, Димарко, Џеко и Лаутаро.
🔵 Man City ✔️#UCLfinal pic.twitter.com/ntIlQWf0QL
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) June 10, 2023
⚫🔵 Inter ✔️#UCLfinal pic.twitter.com/DeenkPEEV0
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) June 10, 2023
-
Светпред 23 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 23 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 13 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 13 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Англијапред 10 часа
Тен Хаг загуби уште еден играч и порача: Фудбалерите не можат да издржат
-
Англијапред 3 часа
Андерсен со мајсторија се погрижи за ужас на „Олд Трафорд“ каков што не се памети повеќе од три децении (Видео)
-
Германијапред 23 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)
-
Англијапред 22 часа
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…