Поврзете се со нас

Формула 1

Официјална одлука: Ферстапен ќе стартува од последниот ред во Сочи поради важна промена (Фото)

Објавено

на

Макс Ферстапен доби казна за судирот со Хамилтон на Монца и му беше јасно дека ќе стартува три места поназад од она што ќе го избори на утрешните квалификации, но очигледно луѓето во Ред Бул одлучија да го жртвуваат овој гран при викенд во Сочи.

Ова попладне пристигна официјална потврда дека лидерот во генералниот пласман ќе стартува од последниот ред на трката за Големата награда на Русија, откако била извшрена промена на погонската единица на неговиот Ред Бул.

Стратегијата на тимот сега сигурно ќе биде да се прави пресврт од опашката на гридот со нова погонска единица, што донекаде е и разбирливо ако се земе во предвид дека Мерцедес доминираше на стартот на денешните тренинзи.

Претходно, уште пред стартот на возбудувањата во Русија, Ферари направи надградба на погонската единица кај Шарл Леклер, па возачот од Монако ќе му прави друштво на Ферстапен во последниот стартен ред на трката која ќе се вози во недела.

Макс во овој момент има пет бодови предност пред Хамилтон во генералниот пласман, па неделната трка ќе биде добра шанса за Британецот да ја намали разликата, па дури и да го преземе водството.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни