Поврзете се со нас

Шпанија

Официјална изјава: Дани Алвес откри како се одвивала секс-авантурата поради која му се заканува затвор

Објавено

на

Foto:instagram.com/danialves

Третиот ден од судското рочиште во Барселона беше затворен со изнесена конечна изјава од Дани Алвес, прославениот бразилски фудбалер кој е првообвинет за режираше на засрамувачко и неетеичко дело врз млада девојка со која се запознал во ноќен клуб.

Споменатиот инцидент датира од крајот на 2022-ра година и повеќе од една година се провлекува низ судниците во Барселона, но планот е истиот да биде завршен за еден месеце од сега, откако обвинителството ги слушна сите изјави од страната на жртвата и оние од одбраната.

Шпанските медиуми ја пренесоа последната изјава на Дани Алвес од вчерашното рочиште, а оние новинари кои имале пристап да бидат во судницата откриваа дека Бразилецот се сопирал во неколку наврати и плачел додека раскажувал како се одвивале сите дејствија во ноќта кога е обвинет за силување.

– Немавме план да заглавиме со моите другари, бевме јас и уште тројца. Бевме во таверна Клиник, нарачавме пет шишиња вино и едно јапонско виски. Од таверната, се преселивме во локалот Нуба каде имавме по една рунда џин-тоници. Кога излеговме од таму, се упативме кон автомобилот и возеше мојот пријател Бруно, бидејќи јас многу испив и не можев да возам.

– Во ноќниот клуб Сатон пристигнавме околу 2:30 часот наутро, имавме резервација. Најпрво дојдоа две девојки и играа некое време со нас, а потоа тие поканија уште три девојки, едната која ме тужи и уште ве пријателки. Воопшто не им беше непријатно, сами дојдоа и почнаа да не поздравуваат. Започна конверзација, сите зборуваа и јас сум отворен во такви ситуации.

– Остварив поблизок контакт со една од девојки, онаа што ме обвинува. Почна да игра многу блиску до мене, танц кој е типичен за дискотека. Ја стави раката позади и почна да ме допира. Ја прашав дали сака да одиме до тоалетот, а таа веднаш се согласи. Воопшто не инсистирав. И нагласив дека јас ќе одам прв во тоалетот и некое време чекав таму. Во еден моменти си помислив дека нема да дојде, дека не го сака истото. Кога ја отворив вратата, таа беше пред мене, клекна на колена пред мене и почна да ме задоволува. Седнав на тоалетната школка и цело време седев, станав само за да ејакулирам надвор.

– Не ја присилив, ниту ја удрив, ниту ја фрлив на земја. Јас не сум насилник, не ми кажа дека не сака секс. После тоа, никогаш ги немам видено неа и нејзините пријателки. Кога излеговме од дискотеката, сфатив дека имам испиено прермногу, мојата сопруга спиеше во нашиот дом. Оваа изјава ја дадов и вториот пат, првиот пат зборував само за орален секс бидејќи мислев дека така ќе пројдам подобро кај мојата сопруга, – гласи официјалната изјава на Дани Алвес.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни