Поврзете се со нас

Свет

Офанзивецот останува во Узбекистан: Дориев потпиша нов договор со Согдиана

Објавено

на

foto:www.facebook.com/DorievLupce

Поранешниот македонски репрезентативец, Љупче Дориев и во иднина ќе го носи дресот на прволигашот од Узбекистан, тимот на Согдиана.

Дориев дојде во оваа екипа во 2023 година од тетовска Шкендија, па со своите квалитетни партии и изданија си обезбеди побогат договор, поточно ќе остане во сегашната средина и во наредните две години.

Тој е најдобар стрелец во својата екипа во оваа сезона со 10 постигнати погодоци, втор во шампионатот зад Драган Ќеран од Пахтакор.

Во досегашната кариера Љупче има настапувано уште за Хоризонт Турново и Академија Пандев.

foto:www.facebook.com/DorievLupce

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни