Поврзете се со нас

Англија

Офанзивец на Астон Вила ќе ги замени Меси и Роналдо на врвот на светскиот фудбал: Ќе биде најдобар на светот!

Објавено

на

foto:twitter.com/morgz_10

Лионел Меси и Кристијано Роналдо се две големи имиња кои го одбележаа фудбалот во изминативе две децении, двајца играчи кои оставија неизбришлива трага, асови кои и денеска се активни и можат да направат разлика, а потврда за тоа се настапите во нивните сегашни клубови и репрезентации.

Воопшто не е лесно да се стигнат и надминат, но во фудбалот, животот се е возможно, особено кога имаме најави дека тоа може да се случи како што е случајот со Крег Батлер кој е агент на членот на Астон Вила, Леон Бејли.

-Има уште многу да дојде. Мислам дека Леон сè уште нема постигнато 40 проценти од својот потенцијал. Сте виделе само 40 проценти од она што Леон може да го направи. Се работи за тајмингот, верувам дека еден ден ќе биде најдобриот играч на светот.

-Ќе продолжи да станува се подобар и подобар и еден ден ќе се смета за најдобар играч на светот. Меси старее, Кристијано старее, Нејмар има проблеми со повреди и старее, [Килијан] Мбапе исто така. Леон нема ограничување за својот потенцијал. Сè уште ништо не сте виделе ништо, -порача Батлер.

Инаку Бејли и не е веќе така млад, има 26 години и во актуелнава сезона има „дабл-дабл“ учинок за Астон Вила од 12 голови и 11 асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни