Одреден тимот со кој ќе се соочиме против Украина: Брестовац елиминираше двајца ракометари

brestovac-trening2

Познат е тимот со кој репрезентацијата на Македонија утре од 20:30 часот ќе се спротивстави на селекцијата на Украина.

Од списокот отпаднаа десниот бек Мартин Серафимов како и средниот бек, Горан Крстевски кои нема да имаат право на настап на утрешниот натпревар.

Брестовац помеѓу 16-те репрезентативци се реши да ги смести тројцата голмани, Борко Ристовски, Никола Митревски и Мартин Томовски,  а во одбраната Велко Маркоски ќе го менува младиот ракометар на француски Гренобл, Марко Мишевски.

Facebook Коментари