Одреден е судијата за првото „Ел Класико“ во оваа сезона

ernandez

На 18 декември на „Камп Ноу“ ќе се одигра првото сезонско „Ел Класико“ меѓу вечните ривали Барселона и Реал Мадрид, а истото ќе го суди Алехандро Хосе Ернандез Ернандез.

Тој е арбитарот кој ја доби довербата од шпанската федерација, судија која е искусен и за кого ово ќе биде четврти меч на кој ќе ја дели правдата на лутите противници. Меѓутоа имаше доста коментари за неговото судење по сите три претходни средби, па останува да видиме како ќе биде за неколку денови.

Во сезоната 2015/2016 во неговото прво „Ел Класико“, „креалевите“ победија со 2-1 на „Камп Ноу“, но гостите од Мадрид имаа реакции за тоа зошто Серхио Рамос беше исклучен, а погодокот на Герет Бејл поништен.

Во сезоната 2016-2017 беше главен на „Сантијаго Бернабеу“ во мечот во кој славеше Барса со 3-2, а Рамос одново беше предвреме испратен во соблекувалната.

Последниот дуел на кој Ернандез Ернандез судеше заврши без победник 2-2 и Реал одново имаше замерки и забелешки во однос на некои ситуации.

Facebook Коментари