Поврзете се со нас

Лига на нации

Одработен тренингот на интересниот „Викторија стадиум“ во Гибралтар (Фото)

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија под палката на селекторот Благоја Милевски го одработи единствениот тренинг пред утрешниот натпревар со Гибралтар.

На стадионот кој е навистина интересен „Викторија стадиум“, Милевски ги построи своите избраници и им ја долови тактиката со која утре ќе се спротивставиме на далеку послабиот противник.

Јасно е дека Македонија е голем фаворит на оваа средба затоа што се соочува со репрезентација која е меѓу најслабите на Стариот Континент, па се освен победа ќе се смета за огромна сензација.

Пред четири години имавме можност да гостуваме на оваа репрезентација, и тогаш славевме само со 2:0 во натпревар кој треба да замине во заборав.

Инаку „Викторија Стадиум“ располага со мал капацитет на седишта, а интересно е тоа што во позадината на стадионот може да се забележат карпи, па глетката секако е несекојдневна за една професионална фудбалска репрезентација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни