Поврзете се со нас

Англија

Односот на Рашфорд кон еден од соработниците на Аморим ги разлути фановите на Јунајтед (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManUtd

Маркус Рашфорд е далеку од деновите кога беше најдобар играч на Манчестер Јунајтед, но лошите игри и катастрофалната голгетерска форма сега самиот ги надгради и со лошо однесување кон еден од соработниците на Рубен Аморим.

Станува збор за сцена од натпреварот кој се одигра пред два дена против Бодо Глимт, или поточно од моментите кога Рашфорд влегува во игра во второто полувреме.

Рашфорд најпрво му го фрлаше шишето на човекот кој е задолжен за собирање на опремата, но потоа истото го повтори и со ракавиците.

Наместо да му ги подаде, Маркус изреагира максимално арогантно, а тоа ги разлути навивачите на Јунајтед кои жестоко го критикуваат на социјалните мрежи.

До пред две сезони, изгледаше едноставно незамисливо фановите да бараат заминување на Рашфорд од „Олд Трафорд“, но разочарувачката форма и сцени како оваа последната се почесто ги активираат ваквите кампањи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни